Кал од Мртво Море – природен пилинг и маска за лице и тело
Калта од Мртво море е природен продукт кој најчесто се користи за нега на кожа со целулит. Има бројни благодетни ефекти, како што се измазнување и зацврстување на кожата. По употребата на маската од кал, кожата останува мека и мазна при допир, а вишокот на себум се апсорбира, што ја прави идеална за мрсна и комбинирана кожа.
Дејства на калта:
- Измазнува и ја храни кожата.
- Прочистува и ги затегнува порите.
- Изедначува
- Има детоксикациски ефект, помагајќи во елиминација на токсините.
Апликација:
- Маска за лице и тело:
Измешајте ја калта со вода додека не се формира паста (за лице) или густа кашеста смеса (за тело). За подготовка на маските не користете метални додатоци. - Бања:
Истурете ја калта под млаз топла вода и уживајте во релаксацијата - Пилинг за лице:
Нанесете ја маската на лицето, а потоа измијте ја со кружни движења, користејќи ги честичките од калта за пилинг на кожата. (Не се препорачува за чувствителна кожа или кожа со розацеа).
Важно:
- Вегански производ.
- Не содржи состојки со контраиндикации за трудници.
Состојки (INCI): Марис Лимус (Кал од Мртвото Море)