BODY BUTTER ORANGE WITH CINNAMON 120 ML

1.050,00 ден

Путер за тело со ориентален мирис на портокал и цимет

Богат со активни состојки, овој путер за тело ја храни кожата и ја подобрува нејзината хидролипидна бариера. Витаминот Е има антиоксидативно дејство, додека мацератот на цвет од горчлив портокал ја регенерира и измазнува кожата, смирувајќи ги иритациите. Шеа путерот, маслото од арган, маслото од јојоба, маслото од пченични никулци, маслото од сладок бадем и маслото од морков, богато со витамин А и каротини, обезбедуваат долготрајна хидратација, еластичност и потхранување на кожата.

Активни состојки:

  • Шеа путер – Природен хидратант кој ја омекнува и храни кожата.
  • Масло од морков- Богато со витамин А и каротини, го поддржува обновувањето на кожата и ја прави помекa.
  • Масло од вечерна јаглика – Хидратира и ја смирува кожата, со посебен акцент на заштита на хидролипидната бариера.
  • Арганово масло – Поддржува обновување и еластичност на кожата, богато со антиоксиданти.
  • Масло од јојоба – Има смирувачко и хидратантно дејство, слично на природниот себум на кожата.
  • Масло од сладок бадем – Омекнува и потхранува, истовремено подобрувајќи ја еластичноста на кожата.
  • Мацерат од цветови од портокал – Ја регенерира и измазнува кожата, помага во смирување на иритациите.
  • Витамин Е – Има силно антиоксидативно дејство, ја штити кожата и го спречува предвременото стареење.

Апликација:

  • Нега на тело: Масирајте мала количина путер во кожата со кружни движења. Користете 1-2 пати на ден или почесто доколку е потребно.

Путерот е веганска козметика
Путерот не содржи состојки со контраиндикации за бремени жени.

Состојки (INCI):
Butyrospermum Parkii (Shea) путер, Prunus Amygdalus Dulcis (сладок бадем) масло, Argania Spinosa (арган) масло од семе, Triticum Vulgare (пченица) масло од никулци, Simmondsia Chinensis (јојоба) масло, Citrus Aurantium Amara (горчлив портокал) мацерат од цвет, Helianthus Annuus (сончоглед) масло од семе, токоферол, парфем, лимонен, цинамал, линалол, бензил алкохол, еугенол, цитрал, цитронелол.